На крајот на виножитото

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2008
Оригинален наслов: Where rainbows end | Бр. на страни: 407 | Димензии: 0 | Корица: /

Многу интересна приказна исполнета со безброј случки и пресврти, која започнува од раното детство на Алекс и Рози – неразделлни другари од училишните клупи кои не можат еден без друг. Но, кога ќе настапи времето на лудите тинејџерски години, вечерните излегувања и љубовните состаноци, тие почнуваат да се одделуваат, незнаејќи по кои патишта ќе ги одведе секое наредно утро.

Семејството на Алекс се преселува од Даблин во Америка и двајцата најдобри другари се разделени. Рози одлучува да му се придружи на Алекс, но нејзината одлука ќе биде попречена од редослед на околности кои во целост ќе го променат нејзиниот живот. Нивната бескрајна поврзаност и искрен однос, ги следи и поддржува низ сите успеси и потешкотии во животот. Меѓутоа тука стои неизвесноста за тоа дали нивното пријателство е доволно силно да ги преживее илјадниците километри и годините кои се зголемуваат?

Романот во себе ја крие суштинската мисла, дека сродните души секогаш се пронаѓаат едни со други и покрај сите препреки и искушенија кои со себе ги носат животните предизвици. Формулата за среќен живот отсликана низ страниците на ова дело, порачува да сакаме за да бидеме сакани, бидејќи само така ќе ги пребродиме сите ризици кои не одделуваат од сето она во кое што искрено и безусловно веруваме.


 

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product На крајот на виножитото

Категорија:
ИСБН: 978-9989-187-45-2

1 оценка за На крајот на виножитото

  1. Rated 5 out of 5

    Даниела Карастојанова (верификуван корисник)

    Одлична е! И забавна и тажна, и полна со чувства.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in