На крајот на виножитото
Многу интересна приказна исполнета со безброј случки и пресврти, која започнува од раното детство на Алекс и Рози – неразделлни другари од училишните клупи кои не можат еден без друг. Но, кога ќе настапи времето на лудите тинејџерски години, вечерните излегувања и љубовните состаноци, тие почнуваат да се одделуваат, незнаејќи по кои патишта ќе ги одведе секое наредно утро.
Семејството на Алекс се преселува од Даблин во Америка и двајцата најдобри другари се разделени. Рози одлучува да му се придружи на Алекс, но нејзината одлука ќе биде попречена од редослед на околности кои во целост ќе го променат нејзиниот живот. Нивната бескрајна поврзаност и искрен однос, ги следи и поддржува низ сите успеси и потешкотии во животот. Меѓутоа тука стои неизвесноста за тоа дали нивното пријателство е доволно силно да ги преживее илјадниците километри и годините кои се зголемуваат?
Романот во себе ја крие суштинската мисла, дека сродните души секогаш се пронаѓаат едни со други и покрај сите препреки и искушенија кои со себе ги носат животните предизвици. Формулата за среќен живот отсликана низ страниците на ова дело, порачува да сакаме за да бидеме сакани, бидејќи само така ќе ги пребродиме сите ризици кои не одделуваат од сето она во кое што искрено и безусловно веруваме.
1 review for На крајот на виножитото
Questions and Answers
You are not logged in
Даниела Карастојанова (verified owner) –
Одлична е! И забавна и тажна, и полна со чувства.