Најдобрата кинеска литература за деца – комплет (13), меки корици
Author:
Група автори
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
Best Chinese Children`s Literature Series |
Num. of pages:
2.300 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Во едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“ се застапени најпознатите и најчитаните современи кинески писатели за деца и за млади. Во овие книги се вклучени најдобрите дела на авторите, избрани од самите автори. Изборите содржат бајки, басни, раскази или новели. Како прилог, во книгите се објавени и текстови на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето творештво. Во секоја книга од едицијата е објавен заеднички предговор на Гао Хонгбо, писател за деца, и Ванг Ќуанген, професор по литература, во кој е даден осврт за современата кинеска литература. Првите тринаесет книги од едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“ се: „Тајната на слатките јагоди“ од Танг Сулан, „Мирисливата птица“ од Ѓин Бо, „Легенда за мечето Панда“ од Сун Јоуѓун, „Магичниот папагал“ од Ге Бинг, „Персискиот мачор Пек“ од Гао Хонгбо, „Малиот ној рицар“ од Лиу Сианпинг, „Божјиот фенер на морето“ од Донг Хонгјоу, „Приказни големи колку дланка“ од Џанг Ќуишенг, „Братучед ми доаѓа“ од Ќин Венѓун,„Вкусот на сонцето“ од Џанг Џилу, , „Приказните на Фанг Гиоsу" oд Џоу Жин, „Животот е живот" од Џанг Хаиди и „ Летото на Поер" од Џанг Гие
Questions and Answers
You are not logged in