Најубавите басни од Езоп
Автор:
Стефанија Леонарди Хартлеј
Издавач:
Просветно дело |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
The most beautiful Aesop's fables |
Бр. на страни:
122 |
Димензии:
29 см
|
Корица:
/
Безвременските басни од Езоп кои во овие привлечни сликовници се вкупно по 17 на број - гарантираме дека не само што ќе го привлечат вниманието на децата, туку и со задоволство ќе ги замолуваат мама и тато или баба и дедо да им ги читаат, постојано ќе бараат тоа да го прават за нив, или, пак, за тие кои знаат да читаат - на овие басни ќе им се враќаат повторно и повторно и ...
Лакомата ласица, Волкот и овцата, Зајакот и желката, Враната и бокалот...и др. кај Езоп, се спакувани во модерно дизајниран концепт на сликовница, со впечатливи, крупни и стилизирани цртежи, со различни типови букви односно фонтови кои визулено ја прават сликовницата уште попривлечна и поразиграна. Ликовите на животните се весели, мили, а преку нив се отсликуваат одредени човекови особини или упатуваат на есенцијални пораки.
Се раскажува со лесен, ненаметлив и едноставен стил, речениците се кратки, јасни и содржат зборови кои се разбирливи за децата, а разиграниот и различен тип на букви и разиграноста на цртежите, и тоа како ги мами децата постојано да ги прелистуваат страниците.
Ова е неверојатна книга која ќе ги воведе децата во светот на Езоповите мудри басни.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.