Нашиот човек на теренот
Автор:
Роберт Перишиќ
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Naš čovjek na terenu |
Бр. на страни:
299 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Награда „Јутарњи лист“ за најдобра прозна книга во Хрватска во 2008 година. Најпродавана книга во Хрватска во 2008 година. Брилијантен роман кој ја промени сликата за современата хрватска книжевност. Фасцинантно духовит, амбициозен, луциден, елегантно напишан. Прилично комплексен во едноставното раскажување на сликичките од животот. Од секојдневното ништо е направено уметнички нешто.„Нашиот човек на теренот“ е елегантно напишан роман за современите медиуми и илузии – во потрага по среќата во него дефилираат новинари, актери, манекенки, бунтовници, телевизомани, ситни акционери, политичари... Киро Глигоров, Васил Тупурковски... и многу други познати и непознати ликови, обични и необични јунаци. Со сериозна леснотија, со луциден хумор, зафаќа современи теми и суптилна љубовна приказна. Овој роман е прилично комплексен поради едноставното раскажување на сликичките од животот. Ретко се гледа толку исполнет питорескен албум со такви сликички. Едноставно, маестрално изведен. Од секојдневното ништо е направено уметнички нешто. Треба да се прочита па да се сфати зошто во Хрватска „Нашиот човек на теренот“ е оценет како роман кој ја промени сликата за современата хрватска книжевност, дека е фасцинантно духовит, амбициозен и прониклив, зошто беше роман на годината и беше најчитана книга во Хрватска, ласкаво оценет...
Questions and Answers
You are not logged in