Нација во подем: Приказна за економското чудо на Израел
Како може Израел со само 7,1 милиони жители, без природни ресурси, со непријатели по цела своја граница и со постојана воена состојба да создава повеќе мали претпријатија од Јапонија, Индија, Кореја, Канада и од Обединетото Кралство? Повикувајќи се на примери од главните пронаоѓачи и инвеститори во земјата, авторите пишуваат за тоа како израелската култура водена од немаштијата негува уникатна комбинација од иновативна и од деловна моќ.
Ден Сенор е постар член на Советот за надворешни работи, инвеститор во глобален мултистратегиски фонд и поранешен постар советник за надворешна политика во американската влада.
Сол Сингер е колумнист и поранешен уредник на „Ерусалим пост“ и автор на книгата „Соочување со џихадот: Борбата на Израел и светот по 9.11“.
Додека Американците ги нагласуваат пристојноста и деталната подготовка, Израелците ја ставаат храброста на прво место во деловниот свет (на еврејски chutzpah). Покажано е зошто израелските политики за имиграција, истражување, развој и за воена служба го поттикнуваат растот на земјата. Понудени се испреплетени и живописни приказни за технолошките триумфи на Израел. Никогаш не постоело подобро време за анализа на оваа маркантна и издржлива земја од која може да се добијат импресивни и изненадувачки лекции, не само за другите нации туку и за деловните луѓе и за најразличните економски организации. Едноставно кажано, овде има лекции за сите што бараат економски успех.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Нација во подем: Приказна за економското чудо на Израел
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –