Нација во подем: Приказна за економското чудо на Израел

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Start-up Nation: The Story of Israel's economic miracle | Num. of pages: 328 | Dimensions: 135x205 | Cover: /

Како може Израел со само 7,1 милиони жители, без природни ресурси, со непријатели по цела своја граница и со постојана воена состојба да создава повеќе мали претпријатија од Јапонија, Индија, Кореја, Канада и од Обединетото Кралство? Повикувајќи се на примери од главните пронаоѓачи и инвеститори во земјата, авторите пишуваат за тоа како израелската култура водена од немаштијата негува уникатна комбинација од иновативна и од деловна моќ.
Ден Сенор
е постар член на Советот за надворешни работи, инвеститор во глобален мултистратегиски фонд и поранешен постар советник за надворешна политика во американската влада.
Сол Сингер
е колумнист и поранешен уредник на „Ерусалим пост“ и автор на книгата „Соочување со џихадот: Борбата на Израел и светот по 9.11“.
Додека Американците ги нагласуваат пристојноста и деталната подготовка, Израелците ја ставаат храброста на прво место во деловниот свет (на еврејски
chutzpah). Покажано е зошто израелските политики за имиграција, истражување, развој и за воена служба го поттикнуваат растот на земјата. Понудени се испреплетени и живописни приказни за технолошките триумфи на Израел. Никогаш не постоело подобро време за анализа на оваа маркантна и издржлива земја од која може да се добијат импресивни и изненадувачки лекции, не само за другите нации туку и за деловните луѓе и за најразличните економски организации. Едноставно кажано, овде има лекции за сите што бараат економски успех.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 1 customer rating
(1 customer review)

Price: 1250 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Нација во подем: Приказна за економското чудо на Израел

Category:
SKU: 978-608-229-091-1

1 review for Нација во подем: Приказна за економското чудо на Израел

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in