Не слушате кога ви зборуваат

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: You're not listening | Бр. на страни: 254 | Димензии: 145/205 | Корица: тврда

Кога последен пат навистина сте слушале некого додека зборува? Кога последен пат некој вас навистина ве слушал?

На работа нè учат како да водиме конверзација.

На социјалните мрежи формираме сопствени наративи.

На забавите дискутираме едни со други. И нашите политичари, исто така.

Не ги слушаме другите кога зборуваат. И никој не нè слуша нас.

Да, живееме во свет во кој технологијата ни овозможува непрекината дигитална комуникација и можности за поврзување, но се чини како всушност никој да не слуша никого, дури не ни знае како се прави тоа.

Во оваа мудра и духовите книга Кејт Марфи, соработничка на „Њујорк тајмс“, темелно истражува и ни објаснува зошто веќе не умееме да се слушаме едни со други, како тоа ни влијае и како може да ја повратиме таа умешност. Сознанијата од областа на психологијата, невронауката и социологијата на слушање авторката ни ги претставува вешто и јасно покажува дека навистина го сослушала и чула она што Сузан Кејн го говореше во книгата „Тивките луѓе за интровертните“. Време е да престанеме да зборуваме и да почнеме да слушаме.

„Исклучително актуелно дело. Слушањето на она што некој има да ви го каже претставува момент на усогласеност и разбирање кој е обостран. Тоа им е потребно на сите.“ „Тајмс“

„Поучна и инспиративна книга што ќе им помогне на читателите да размислат за тоа како да поставуваат прашања и да даваат одговори ако сакаат да остварат блискост.“

„Фајненшел тајмс“

Цена: 420 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Не слушате кога ви зборуваат

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-267-379-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Не слушате кога ви зборуваат”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in