Нема слонови во Мексико

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Nema slonova u Meksiku | Бр. на страни: 143 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Зоран Пилиќ е раскажувач кој во својата проза посебно внимание ѝ посветува на приказната. Јунаци во тие приказни се малите луѓе од општествените маргини соочени малите нешта кои се од големо и судбинско значење за тие мали луѓе. Станува збор за писател со ори­ги­нален, привлечен и префинет стил со чувство за важното и неиз­го­вореното.

„Нема слонови во Мексико“, во која се објавени девет раскази, во Хрватска е оценета како исклу­чит­елно интересна и квалитетна книга во која се препознава специ­фич­ниот стил на авторот, за кого се карактеристични темите во кои има и хумористични но истовремено и мрачни места, има и херои и антихерои кои ќе се најдат и во војна и во мир, и во љубов и во страв, има и русокоси словенечки поетеси и осамени чудовишта од влашките легенди... Тоа е книга со луцидни и духовити дијалози, но и со необични јунаци, а авторот се потврдува како искусен раскажувач и сликар кој одлично ги слика ликовите на своите обични и необични јунаци.

„Пилиќ е мајстор за мрачни приказни, не за мрачни раскази, свесен дека вистината не треба да се препишува, туку од неа да се кондензира најдоброто и да се потцртаат оригиналните литературни решенија. ...Новата книга на Пилиќ може да се опише со една нејзина реченица – `Импровизација, опуштеност и реализација – како на баскет`. Сѐ е многу лежерно, но зад тоа сепак стои јасен и не премногу гласен концепт, накусо – навистина сјајна книга.“ – пишува Јагна Погачник за оваа книга.

„Книгата ’Нема слонови во Мексико‘ е освежувачка, затоа што излегува од рамките на стандардниот раскажувачки метар, ги нару­шува границите на пределите, обидувајќи се да направи чекор во чудесното, кое исто така не е ослободено од животната втемеленост. Значи, Зоран Пилиќ ги испитува границите до коишто може да оди раскажувањето во своите поместувања, но не со некои експеримен­тал­ни бравури на постмодернизмот, туку со самата приказна, која во крајноста е единственото мерило на нештата.“ (Ѓорѓе Крајишник).

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 150 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Нема слонови во Мексико

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-015-5

1 оценка за Нема слонови во Мексико

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in