Невозможниот господин

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Mr Impossible | Бр. на страни: 308 | Димензии: 21 | Корица: мека

Англиските, француските и турските благородници уште од средниот век патувале во Египет да истражуваат, да владеат, да водат љубов и да уживаат во земјата на сонцето, фараоните и пирамидите. Во 1821 година на Нил е Руперт Карсингтон, четвртиот син на лордот Харгејт. Тој е вистински авантурист и заводник. Неодоливо згоден, неверојатно мажествен, секси и непоправливо невозможен, каде и да се упати, го следат неволји. Но… Руперт никогаш не се нашол во ситуација од која не може да побегне. Сѐ досега. По игра на судбината заврши во занданата на најзлогласниот каирски затвор и единствен излез му е да ја прифати опасната понуда на убавата црвенокоса вдовица, госпоѓица Дафне Пемброк. Таа сака Руперт да ѝ помогне да го пронајде братот, кој што веројатно е грабнат поради легендарното фараонско богатство. Нивната соработка е само деловна: таа ќе биде мозок на операцијата, а тој, Руперт – силата. На прв поглед тоа звучи многу едноставно. Но со време, напнатоста меѓу нив сѐ повеќе расте, а сопирачките попуштаат и неизбежно доаѓа до спој на тие два потполно различни светови воздржаната вдовица и непоправливиот заводник – и тоа на најнеодолив можен начин.

Историска, романтична, секси, љубовна приказна на Лорета Чејс.

„Руперт е еден од моите омилени херои, а Дафне многу му одговара. Оваа книга е возбудлива и исполнета со љубов, страст и на моменти многу ќе ве насмее.“ – Кејти Лав

Цена: 430 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Невозможниот господин

Категории: ,
ИСБН: 978-608-253-226-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Невозможниот господин”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in