Незгодите на новиот ѓавол
Автор:
Антон Таамсаре
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Незгодите на новиот ѓавол |
Бр. на страни:
266 |
Димензии:
21цм
|
Корица:
мека
Сатаната има проблем: Господ дошол до заклучок дека не е фер да се праќаат човечките души во пеколот, ако тие воопшто и не се способни да живеат праведен живот на земјата. Ако се докаже дека тоа е така, тогаш пеколот ќе биде затворен, а човечката раса ќе биде целосно збришана и прогласена за несреќна грешка. На Сатаната му е дадена шанса да докаже дека човечките суштества се способни да се стекнат со спасение, за на тој начин да го спаси опстојувањето на пеколот, ако се согласи да живее како човек и ако успее да живее праведен живот. Свети Петар предлага дека ако Сатаната живее како фармер има најдобри изгледи да успее во тоа, поради палетата несреќи и маки што ќе треба да ги издржи. И така, Сатаната завршува назад на земјата, живее живот под името Јурка, човек голем како мечка, експлоатиран кираџија на една запустена естонска фарма. Неговото трпение и добра волја се ставени на тест од местенките и шемите на неговиот бескрупулозен газда, како и од социјалната и религиозната хипокризија со кои ќе се соочи. „Незгодите на новиот ѓавол“ е последниот роман од најголемиот естонски писател на дваесеттиот век – Антон Тамсааре (1876 ‒ 1940). Романот ги опфаќа и ги сумира сите теми што го окупирале Тамсааре во неговото творештво: потрагата по вистината и по правдата, како и борбата против корупцијата и алчноста. Тамсааре во оваа сатира ги комбинира нееднаквостите на руралниот живот и апсурдно ригидниот однос кон библиските теми, митологијата и непристојниот фолклор. Ова е роман што се вбројува во секогаш актуелните класици на естонската литература.
Questions and Answers
You are not logged in