Нордиски народни приказни
Автор:
/
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Nordiska folksagor |
Бр. на страни:
147 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
мека
„Овој избор содржи народни приказни од Шведска, Норвешка, Данска, Финска, Исланд и Фарските Острови и нè уверува дека далечното не е толку далечно, а непознатото не е толку непознато, затоа што универзалниот јазик на приказните нè носи на ’позната територија‘ – во светот на чудесното и имагинарното. Нордиските сказни ни се обраќаат на јазикот кој сме го научиле слушајќи ги сказните во нашето детство. Читајќи ги нордиските приказни го добиваме носталгичното чувство по одамна изгубените времиња, чувството како да ги слушаме крај нашето ’огниште‘, раскажани во мајчината прегратка, бабиниот скут или на дедовото колено... толку познати и толку наши...“
Questions and Answers
You are not logged in