Нормални луѓе
Author:
Сали Руни
Publisher:
КУЛТУРА |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Normal people |
Num. of pages:
280 |
Dimensions:
20
|
Cover:
/
НОРМАЛНИ ЛУЃЕ е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето. Приказната започнува од првиот разговор до годините што следуваат преку животот на две лица, Конел и Мариан, кои се обидуваат да останат независни, но тоа никако не им успева. БЕСТСЕЛЕР НА ЊУЈОРК ТАЈМС – „Феноменален роман за трансформативната моќ на врските“ (Пипл) од авторот на РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ, „виртуоз на пишувањето и приказна со одличен книжевен заплет“ (Џ. Кортни Саливан). Конел и Мариан пораснаа во истиот мал град, но сличностите завршуваат тука. На училиште, Конел е популарeн и сакан, додека Мариан е осамена. Но, кога двајцата се запознаваат, ќе започнат врска што ќе им го смени животот. Една година подоцна, двајцата студираат на колеџот Тринити во Даблин. Сега ситуацијата е обратна, Мариан е една од најпопуларните девојки на колеџот, додека Конел живее на маргините, срамежлив и несигурен. За време на студентските денови, Мариан и Конел постојано се среќаваат, тие се во врска со други луѓе, но постојано се привлечени еден кон друг како со магнет. И, додека таа се препушта на самоуништувањето, тој започнува да бара друго значење на животот, двајцата мора да се соочат со тоа колку се подготвени и до каде може да оди едниот за да го спаси другиот.
Reviews
There are no reviews yet.