Од животот на промислената жена

Издавач: Макавеј | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Uit het leven van een denkende vrouw | Бр. на страни: 160 | Димензии: A5, 21cm | Корица: мека

„Од животот на промислената жена“ е роман на Кери ван Бруген во кој хероината Маријана Едема се бори за својата духовна независност, дури и ако тоа ја доведува во конфликт со луѓето околу неа додека го зазема своето место во општеството во почетокот на дваесеттиот век. Предрасудите ги поистоветува со лоши аргументи во расправијата, како „фразирање, некохерентна и неконсеквентна дрскост“. Оваа силно автобиографска книга главно се однесува на менталните проблеми на жената која, покрај децата и домаќинството, сака да се оствари и преку својата професија. Но тешко се доаѓа до решение за овој внатрешен конфликт. Книгата претставува апел за внимателно читање и размислување, но секогаш со одредена милитантност што ги карактеризира делата на ван Бруген (псевдоним на еврејско-холандската Каролина Леа де Хан, 1881-1932). Од животот на промислената жена / Кери ван Бруген ; превод од холандски Ели Пујовска

Цена: 420 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Макавеј

Report an abuse for product Од животот на промислената жена

Категорија:
ИСБН: 978-608-205-519-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Од животот на промислената жена”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in