Одеднаш, тропање на вратата

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: פתאום דפיקה בדל ת | Num. of pages: 174 | Dimensions: 200x140 | Cover: /

Книгата почнува со расказ во кој човек упаѓа во домот на писателот и бара да му раскаже приказна, бидејќи вистинскиот свет го истоштува и му е потребно нешто поинакво. Познатата монотонија и возбудливото „нешто поинакво“ се појавуваат во многу раскази: фантазијата ја презема контролата и се создава еден апсурден, надреален свет.

      Во друг расказ, патолошки лажго открива дека сите негови лаги се вистина, а во трет се раскажува за млада жена која наоѓа минијатурен патент во устата на партнерот. Кога го откопчува, партнерот буквално ѝ се отвора и внатре таа го наоѓа Јирген, кој по сè изгледа, не е Евреин. Расказите се смешни, но и мрачни и заканувачки. Сепак, Керет на читателот му нуди и прекрасни моменти на добрина и се стреми да ја најде човечката искра во еден мрачен свет.

      Оваа збирка раскази е преведена на повеќе од 20 јазици, меѓу кои на англиски, германски, француски, италијански, холандски, кинески, јапонски, шпански, турски, бугарски и хрватски јазик.

      За овој израелски автор Салман Ружди вели дека „Керет е брилијантен автор, сосема поинаков од сите други што ги знам. Тој е гласот на идната генерација“. А за оваа негова книга со раскази, но и за неговото творештво, меѓу другото, е напишано:

      „Најдоброто, најзрелото дело на Керет до моментов – прекрасна изведба на неговата меланхолична, чудесна и вознемирувачка проза.“ – Индепендент

      „Етгар Керет е гениј... Моќен и вознемирувачки глас.“ – Њу­јорк тајмс

      „Раскажувач великан... Да се жалиш дека Керет е Керет е како да се жалиш дека Чехов е Чехов.“ – Гардијан

Price: 200 ден

6 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Одеднаш, тропање на вратата

Category:
SKU: 978-608-252-052-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Одеднаш, тропање на вратата”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in