Одење по јаже
Возбудливиот роман Одење по јаже нè води на една живописна авантура по таинствените патеки на детско-младешката мечта. Како вистинска маѓосничка, со своето волшебно перо Лижија Божунга го распостила пред нас платното на еден циркус исткаено од изненадувања, чинки и неочекувани пресврти.
Малата ѕвезда Марија, ќерка на акробати, против своја волја е оттргната од магичниот циркуски свет и оди да живее „нормален“ живот кај баба си. Осамена во големата куќа полна со спомени, таа тргнува на едно необично патување... Како што и народната мудрост убаво кажала, одењето по јаже е метафора за живот исполнет со сериозни предизвици и длабоки преиспитувања. Така и Марија чекори по својот пат, во потрага по рамнотежа, отворајќи ги вратите на минатото и преживувајќи ги драмите кои ќе го обележат нејзиното детство.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.