Огномет од суети

Автор: Том Волф
Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 656 | Димензии: 20 cm | Корица: /

/Во овој роман ништо не е онака како што изгледа. Секој протагонист има најмалку две димензии (светла и темна, видлива и невидлива), ништо не е црно-бело, па ни престапот што го прават Марија и Шерман.  Самото разоткривање на задниот/темниот план на приказната, детектирањето на невидливите значења на настаните, го потенцира отсуството на стабилни морални и хумани начела. Читателот се соочува со една константа: со неморалот, односно со безобѕирноста на претставниците на финансиската, политичката, судската и црковната власт.

Затоа, читањето на овој роман се доживува како ревизија на инертно усвоените класни, расни, социјални, политички, културни и психолошки стереотипи, како нијансирање на ригидните клишиња. Затоа, може да се каже дека романот Огномет од суети, всушност, со својата структура на нагло пресвртување на средишниот тек на настаните, со скршнувањето од најавениот развој на настаните, со первертирањето на успехот во пораз, на престижот во пад, на моќта во немоќ, на богатството во сиромаштво, на приопштениот богаташ во изопштена личност (отпадник), на блазираниот „огномет од суетите“ во драматична човечка состојба, се претставува како роман – гротеска.

Тој роман – гротеска имаме можност, денес, во 2014 година, да го читаме во превод на македонски, во едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Преводот на Софија Главинова придонесува читањето, иако долготрајно, да биде интересно и исполнето со задоволство.

Цена: 353 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Огномет од суети

Категорија:
ИСБН: 9786084721574

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Огномет од суети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in