Основи на внатрешната револуционерна организација : што бевме – што сме?
Автор:
Христо Матов
Издавач:
Ад Вербум |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Основи на вжтрешната революционна организация : сЪ приложение шћо бěхме - шћо сме? |
Бр. на страни:
52 |
Димензии:
140х200 мм
|
Корица:
мека
(74) Перото на Матов има јасен телеграфски стил. Во оваа книга прави теоретска разработка на принципите на Внатрешната револуционерна организација. И така, за основни принципи на Внатрешната организација ги смета: Принципот на автономијата; Принципот на внатрешноста (населението се ослонува, пред сè, на себеси – на своите организирани сили); Принципот на револуционерната борба; Принципот на политичко – економската почва и Принципот на самостојноста (независна организација). Така, според авторот, Организацијата произлегувајќи од горенаведените пет основни принципи, во својот историски развој и стекнато искуство присвоила и кристализирала одредени поконкретни позиции и форми (институции), или наречени со еден збор норми, коишто имаат принципиелен карактер и го изразуваат прописниот ред на организациските работи.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.