Осоговски планини

Publisher: ТРИМАКС | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Осоговски планини | Num. of pages: 0 | Dimensions: 96х66см | Cover: /

Осоговските Планини се висок и грамаден масив кој доминира во источниот дел на Република Македонија. Како природна целина која се протега  во две држави, осоговскиот планински масив зафаќа вкупна површина од 1.535 км2.Со својата површина е втора планина во Македонија, по планинскиот масив Јакупица, а нејзин највисок врв е Руен (2,252 м). Релјефот на осоговскиот планински масив е претставен со високи, зарамнети и долги планински била, кои меѓу себе се расчленети со длабоки речни долини, вулкански купи и кратери. Покрај билата, значаен релјефен елемент се речните долини кои се одликуваат со клисури. На 20 км северно од Кочани, во прегратките на Осоговските Планини на 1,580 м надморска височина се наоѓа туристичкиот локалитет Пониква, покриен со густа букова шума и разновидна треван вегетација. Поради поволната клима, Пониква претставува извонредно место за развој на летен и зимски туризам. На пониква се изградени семстувачки капацитети и спортско-рекреативни објекти, постои одморалиште, ски-патеки, 2 ски-лифта, викенд населби, ресторан и мотел, а посебно привлечен еловниот резерват Осогово, богат со трофеен дивеч: елен, лопатари, срни, муфлони и диви свињи. 

Price: 200 ден

48 in stock

Compare
Sold By ТРИМАКС

Report an abuse for product Осоговски планини

Category:
SKU: 608204126-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Осоговски планини”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in