Пасија по Г. Х.
Пасија по Г. Х. е роман со едноставна приказна. Г. Х. e скулпторка што живее во богат кварт во Рио де Жанеиро. Дента кога ја отпушта слугинката и влегува во нејзината соба за да ја среди, здогледува лебарка што лази на подот. Згрозена и во паника, ја затвора вратничката од отворениот шкаф и притоа ја преполовува лебарката. Глетката на инсектот што умира кај неа поттикнува внатрешен дијалог што ја води кон длабоки размислувања за своите чувства, стравови, неспокојства, а просторот го претвора во мал амфитеатар на философски преосмислувања. При крајот на романот, на врвот од внатрешната криза, ќе биде опишана најпознатата и најшокантната сцена во бразилската книжевност.
Делото е создадено во тешки моменти во животот на писателката, период кога се разведува од сопругот и открива дека синот страда од шизофренија. Американскиот писател и критичар Бенџамин Мозер ја смета Лиспектор за најважна писателка со еврејско потекло по Франц Кафка.
„Една од најтаинствените писателки на дваесеттиот век.“
Орхан Памук
Reviews
There are no reviews yet.