Пасија по Г. Х.

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 160 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Пасија по Г. Х. е роман со едноставна приказна.  Г. Х. e скулпторка што живее во богат кварт во Рио де Жанеиро. Дента кога ја отпушта слугинката и влегува во нејзината соба за да ја среди, здогледува лебарка што лази на подот. Згрозена и во паника, ја затвора вратничката од отворениот шкаф и притоа ја преполовува лебарката. Глетката на инсектот што умира кај неа поттикнува внатрешен дијалог што ја води кон длабоки размислувања за своите чувства, стравови, неспокојства, а просторот го претвора во мал амфитеатар на философски преосмислувања. При крајот на романот, на врвот од внатрешната криза, ќе биде опишана најпознатата и најшокантната сцена во бразилската книжевност.

Делото е создадено во тешки моменти во животот на писателката, период кога се разведува од сопругот и открива дека синот страда од шизофренија. Американскиот писател и критичар Бенџамин Мозер ја смета Лиспектор за најважна писателка со еврејско потекло по Франц Кафка.

„Една од најтаинствените писателки на дваесеттиот век.“

Орхан Памук

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Пасија по Г. Х.

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-263-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пасија по Г. Х.”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in