Пасквелија и Нова Пасквелија

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Пасквелија и Нова Пасквелија | Бр. на страни: 328 | Димензии: 21 см | Корица: /

„Во таа година по сета земја зафати една тешка гладија. Почнаа предмети со предмети да се јадат, дрвја со дрвја да се ништат, планини со планини да се дробат, вода со вода да се дави, дивина со дивина да се глоди, а над сето тоа најстрашно беше што човек на човека нападна, луѓе со луѓе почнаа да не се познаваат, живи да се закопуваат. Од длабоко проплака земјата. На глас залипа“.

Тешко е да се каже што или кој е во прв план во овие две збирки раскази: дали е тоа пасквелскиот човек – суеверен и безверен, традиционален и прогресивен, добар и лош – или пак самата земја Пасквелија – пуста и плодна, прастара и нова, вечна и историска. И покрај тоа што темите се јасно фиксирани во историјата, втемелени на конкретни историски настани, поуките што Чинго ги извлекува од своите ликови и самата земја се безвременски, исто како и неговиот начин на раскажување кој води потекло од фолклорот и приказните на Марко Цепенков.

„Пасквелија (1961)“ и „Нова Пасквелија (1965)“ се две збирки раскази кои заедно го градат органското единство на големата приказна за земјата Пасквелија и пасквелскиот народ. Всушност, приказната за Пасквелија е приказната за Македонија: полна со страдање, пустош, војни и раскол, но исто така, извор на неочекувана добрина, светлина и убавина – сето тоа прикажано преку нежното и сочувствително, но остро и сатирично перо на Живко Чинго.

Цена: 350 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Пасквелија и Нова Пасквелија

Категорија:
ИСБН: 978-608-267-170-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пасквелија и Нова Пасквелија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in