Патот кон величественоста
Автор:
Робин Шарма
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
The greatness guide |
Бр. на страни:
249 |
Димензии:
140х210
|
Корица:
/
Дали сте веќе уморни од играњето на мало? Чувствувате дека можете многу повеќе? Дали сте подготвени да станете спектакуларно успешни, толку ефикасни што ќе ги оставате луѓето без здив, исполнети со задоволство, а вашата работа и животот да го достигнат нивото на величественост?
Доколку е така, оваа книга е напишана токму за вас. Жестока, инспиративна, провокативна и полна со големи идеи што ќе ве одведат до животот кон кој се стремите, и тоа побргу отколку што сте очекувале. Патот кон величественоста е една од ретките книги што навистина имаат моќ да ги ослободат вашите потенцијали и да го разбудат најдоброто во вас.
Робин Шарма, современ светски гуру и човек чии идеи со воодушевување ги прифаќаат водечки компании, претприемачи, рок-ѕвезди, па дури и кралски семејства, ви ја претставува потврдената формула што ќе ви помогне да го достигнете врвот на своите потенцијали.
Направете голем скок уште денес и научете дека сè што правите може да стане уште подобро. Патот кон величественоста ќе ви покаже како да остварите незамисливи резултати во сите важни делови на својот живот, истовремено уживајќи во своето животно патување.
„Книгите на Робин Шарма им помагаат на милиони луѓе во светот да живеат блескав живот.“ Пауло Коелјо
„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што на луѓето навистина им го менуваат животот“. Ричард Карлсон
1 оценка за Патот кон величественоста
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –