Пеењата на Малдорор

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Les Chants de Maldoror | Бр. на страни: 224 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Главниот јунак, Малдорор (на француски „Мal d’aurore“ значи „утрински порок“) е во постојан судир со своите ближни – Човекот, Ангелот, Творецот – со трите персонификации на одамна втемелениот „чист и морален“ граѓански свет. Тој е типичен црн романтичарски херој, истовремено и возвишен и немоќен и натприродно силен, но изгубен во светот, вистински аутсајдер и горд осаменик. Тој е синтеза на Бајроновиот Манфред и Чајлд Харолд, но и на Лермонтовиот Демон; потсетува на јунаците од англискиот готски или „црн“ роман (Луис, Метјурин), на чудовиштето од Франкенштајн на Мери Шели, како и на јунаците од популарните авантуристичко-криминалистички романи - фељтони на Ежен Си.


Пеењата на Малдорор се сметаат за ремек-дело на книжевноста на злото во контекстот на француската традиција од втората половина на XIX век, која егзистира помеѓу доцниот романтизам и декадентниот симболизам. Поезијата од тоа време е полна со бунтовници, но ниту едно поетско дело од XIX век не го содржи револтот во толку радикална и есенцијална мера како што е Пеењата на Малдорор на Лотреамон.

Цена: 200 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Пеењата на Малдорор

Категорија:
ИСБН: 97836082300252

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пеењата на Малдорор”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in