Пернички раскази
Author:
Здравка Евтимова
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Пернишки раскази / Здравка Евтимова |
Num. of pages:
264 |
Dimensions:
140х200
|
Cover:
/
„Пернички раскази“ е збирка раскази на Здравка Евтимова, бугарска писателка чии раскази се објавени во 31 земја ширум светот. Збирката се состои од 32 расказа кои во САД беа објавени како две засебни збирки раскази. Расказот „Погрешно“, вклучен во книгата Пернички раскази, беше избран и е дел од антологијата Најдобра европска фикција 2015, објавена во 2015 година од Dalkey Archive Press во САД. Најдобрите раскази на Здравка Евтимова се собрани во „Пернички раскази“. Тие ја позиционираат на водечкото место во современата бугарска книжевност и долгогодишната традиција на бугарски раскази. Во зависност од нивните теми, расказите во збирките можат да се поделат на следните групи: 1. Раскази со фокус врз социјални прашања; 2. Раскази за моќта на љубовта; 3. Раскази посветени на силата на корените што родителите им ги пренесуваат на децата; 4. Раскази во чие средиште е хуманизмот или неговиот недостиг во денешеницата; 5. Раскази за одмазда; 6. Раскази посветени на уметници. Оваа поделба е секако релативна во голема мера бидејќи фокусот е она што ја одредува класификацијата на расказите. Сепак, темите и мотивите во поединечните раскази се испреплетуваат, давајќи му на заокруженото дело особина на полифонија. Ова е мислењето на Елизабет Френк, професорка по современа американска книжевност во САД, и добитничка на Пулицеровата награда: „Расказите на Здравка Евтимова покажуваат моќна имагинација, неочекувана црта на дива драмска инвентивност и опишувачка вештина, како и единствено чувство за форма, за тоа како да се почне, развие, рашири и на крајот да се заклучи една приказна. Гласовите на нејзините раскажувачи се грубо непосредни, понекогаш дури и шокантно, но и хипнотизирачки. Нејзиното сочувство оди рака под рака со нејзиниот хумор.“
Reviews
There are no reviews yet.