Пет приказни од целиот свет
Автор:
Живко Грозданоски
Издавач:
Чудна шума |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Пет приказни од целиот свет |
Бр. на страни:
32 |
Димензии:
205х205мм
|
Корица:
мека
„Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски е замислена како еден вид „светска антологија“ на исклучителни приказни, кои традиционално настануваат во загадочните механизми на народното творештво. Приказните не само што „доаѓаат“ од различни делови на светот туку се замислени да припаѓаат и на различни временски периоди: првата е македонска легенда од раното средновековие, втората е аргентинска народна приказна, третата е италијанска легенда од доцниот среден век, четвртата е најавена како старо јапонско предание, а петтата – како древна асирска сказна. Приказните се раскажани мошне шармантно и привлечно за најмладата читателска публика, со извонреден стил кој потсетува на усна нарација.
Владимир Мартиновски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.