Петтиот брод
Автор:
Моника Компаникова
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Piata loď |
Бр. на страни:
160 |
Димензии:
13х20
|
Корица:
мека
Роман за односот на децата и родителите во кој недостасува интимност и љубов.
Приказната е пренесена преку перспективата на Јарка, дванаесетгодишно девојче кое живее со својата млада но несозреана самохрана мајка и со својата незаинтересирана и дистанцирана баба. Во ова семејно јадро нема суштинска поврзаност ниту блискост. Емоционално запоставена и препуштена сама на себе среде џунглата на бетонски згради во една населба во Братислава, Јарка мечтае за место каде што ќе се чувствува своја на своето. Нејзините постапки се трогателен и искрен детски обид да го поправи светот на возрасните и да биде дел од семејство какво што сонува да има. Инспирирана од вистински ликови, Компаникова напишала исклучително дело за односот на децата и родителите во современото општество.
Романот ја добил најпрестижната книжевна награда во Словачка, „Анасофт литера“, а прогласен е и за најдобра книга за 2010 година. Според него е снимен и филм, премиерно прикажан на Берлинскиот фестивал, каде што ја освојува првата награда во категоријата „филм за млади“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.