Писма до Милена
Автор:
Франц Кафка
Издавач:
Артконект |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Briefe an Milena / Franz Kafka |
Бр. на страни:
432 |
Димензии:
14×20 cm
|
Корица:
мека
За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главниот лик е Милена Јесенска. Преку љубовната врска со Милена се прават бројни обиди да се протолкува делото на Кафка, особено темата на прељубата во романот Замок, како и дополнително да се осветли биографијата на славниот писател. Меѓутоа, писмата на Кафка укажуваат и на Милена Јесенска како личност –исклучителен интелектуалец и мошне успешна преведувачка заслужна, меѓу другото, за популаризирањето на неговото дело. Писмата ни откриваат прекрасен портрет на една исклучителна, самостојна и либерална жена, каков што ретко може да се сретне и во уметничката и во документарната литература од почетокот на XX век. Во таа смисла, Писмата до Милена се неизбежен дел од опусот на Кафка, еднакво значаен како неговата проза и неговите дневници.
Questions and Answers
You are not logged in