Победникот е сам

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: The winner stands alone | Бр. на страни: 438 | Димензии: 112х180 | Корица: /

Која е цената на успехот? Во Победникот е сам, Пауло Коелјо им се навраќа на важните теми од Единаесет минути и Захир. Тој нуди роман полн со неизвесност, роман што го отсликува светот во кој живееме, каде што нашиот стремеж за луксуз и успех по секоја цена често пати нè спречува да слушнеме што срцето навистина ни шепоти.Во новиот роман, Победникот е сам, Пауло Коелјо нè води на Канскиот филмски фестивал, каде што се собира таканаречената суперкласа - тие што успеале во светот на модата и филмот. Некои се пробиле до самиот врв и се плашат да не ја изгубат својата супериорна позиција. Парите, моќта и славата се загрозени - вредности за кои повеќето луѓе се подготвени на сè, по секоја цена.На овој модерен панаѓур на суети се сретнуваат: Игор, руски милионер; кралот на модата Хамид од Блискиот Исток; американската актерка Габриела, желна да дојде до главна улога; амбициозниот криминален детектив Савој, кој се надева дека ќе го реши случајот на неговиот живот, и Џасмин, манекенка на чекор од својата успешна кариера.Кој ќе го спознае својот личен сон меѓу многуте извештачени сништа и ќе успее да си го оствари?„Безмилосно испитување на светот на гламурот и елитата... Во Победникот е сам, тие не само што го бараат опасниот убиец, туку и вистинските духовни вредности“.Publishers Weekly „Апокалиптичен опис на светот на филмот и модата, во кој раскошот и амбициозноста ја парализираат секоја можност за автентични вредности. “L’Hebdo
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 480 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Победникот е сам

Категорија:
ИСБН: 9789989187728

1 оценка за Победникот е сам

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in