Подземната железница

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: The Underground Railroad / Colson Whitehead | Бр. на страни: 336 | Димензии: 14×20 cm | Корица: мека

Приказната во Подземната железница почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робови Кора и Цезар решаваат да побегнат, ризикувајќи си ги животите поради сонот да живеат слободно. Соочени со стравот, гладот, ловците на робови и безмилосниот свет на белците, единствената надеж за нив е митската Подземна железница – неверојатна конструкција која, всушност, е отелотворение на соништата за слобода.
Напишан во манирот на големите авантуристички романи од XVII век, Подземната железница е блескаво дело во кое историографските факти се преплетуваат со чудесните авантури на главниот лик, допирајќи до рабовите на фантастичното. Играјќи со структурата и тенката граница меѓу фактите и фикцијата, Колсон Вајтхед внимателно и вешто го гради ова искрено, длабоко и брутално ремек-дело на современата американска литература.
„Со својот брилијантен спој на фактите и фантастиката, Колсон Вајтхед се надоврзува на долга традиција врвни автори, како Свифт, Дефо, Кафка, Борхес, Маркес и Морисон.“ The New York Times
„Овој роман одлично покажува како преку книжевноста можеме да ја разбереме историјата… Повикувајќи се на минатото, Подземната железница е силна критика на денешнината.“ Publishers Weekly
„Со Подземната железница жанрот магичен реализам добива сосем ново значење, проткаен со историографија, патеписни авантури, антрополошки студии за расата и една неизбежна, моќна филозофска расправа за слободата како стожер на човековата природа.“ The Guardian

Цена: 390 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Подземната железница

Категорија:
ИСБН: 978-608-4852-04-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Подземната железница”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in