Поезија – Фернандо Песоа
Author:
Фернандо Песоа
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Мensagem; Poemas Escolhidos de Alberto Caeiro; Pastor Amoroso; Odes de Ricardo Reis |
Num. of pages:
225 |
Dimensions:
135x200
|
Cover:
мека
Фернандо Песоа стана културолошка икона не само во неговата родна Португалија, туку и многу пошироко. Се вбројува меѓу најголемите поети на XX век. Не верувајќи во единството на човековата природа, сакајќи да ја отелотвори својата внатрешна умноженост и тензија, Песоа создава бројни автори и авторски поетики, пишувајќи под десетици други имиња. Секој од овие авторски „гласови“ е сосема различен во однос на темите, темпераментот и стилот. Во овој избор се застапени песни напишани под ортонимот Фернандо Песоа, како и хетеронимите Рикардо Рејс, Алваро де Кампош, Алберто Каеиро и Коелјо Пачеко.Песоа е поет што ги користи сите капацитети на јазикот, а во неговото творештво има одгласи од симболистичката поезија, португалските народни песни, како и футуристички елементи. Наместа минималистички воздржано, а понекогаш револуционерно раскошно, рефлексивно но и остро сензитивно, разновидното дело на Песоа со вознемирувачка убавина ги предвидува и ги инкорпорира современите литературни преокупации.
Questions and Answers
You are not logged in