Поезија – Гијом Аполинер
Author:
Гијом Аполинер
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Poésie |
Num. of pages:
189 |
Dimensions:
135x200
|
Cover:
мека
Гијом Аполинер е еден од водечките поети во француската поезија на XX век, преодна фигура чие творештво се надоврзува на симболистичката поезија, а го претскажува делото на надреалистите.Мешајќи ги носталгијата по минатото и возбудата пред новите времиња, Аполинер создава поетско дело кое не се ограничува на еден став, на еден поглед, туку ги содржи дилемите и двојностите на својот творец во една жива и мошне динамична состојба. Во неговите стихови се преплетуваат меланхолијата и иронијата, втонатоста во легендата и одушевувањето со науката, приврзаноста за интимното и склоноста кон јавното, чувството за возвишеното и вкусот за обичното.Во основата на неговата поетска постапка се наоѓа играта... Поврзана со иронијата, со хуморот, играта претставува принцип за барање нов и несомнено поприроден, похуман и подемократичен приод кон прашањата на творештвото. Според Аполинер, сè може да биде извор и поттик на поезијата, па според тоа, и секојдневната баналност ја има својата поетичност. Неговата поезија е резултат на ставот дека поезијата треба да зачекори по улица – барајќи ги таму и својот јазик, и своите теми, и своите читатели. А според Аполинер, пред неочекуваните глетки на секојдневието, секој од нас „го бара во себе чудесното дете“.
Questions and Answers
You are not logged in