Поезија – Пол Елијар
Author:
Пол Елијар
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Œuvres complètes |
Num. of pages:
189 |
Dimensions:
135x200
|
Cover:
мека
Пол Елијар (1895 – 1952) е парадигматична фигура на поет од XX век, кој се обидува во својата поезија да ги помири насоките што му ги диктира неговата вистинска природа и барањата што пред индивидуата ги поставуваат големите искушенија на епохата. Мошне суптилната лирска проѕирност, хедонистичкиот восхит пред радостите на животот, изостреното чувство за нијанси и полуто- нови, присутни во голем број негови песни, го претставуваат како поет кој во поезијата се раководи од високи естетски критериуми. Истовремено, желбата да учествува во барањето решение за дилемите што пред будната свест на вознемирениот поединец ги поставува современиот свет, прави од него творец што во тој процес внесува и други, вонестетски елементи. Во најдобрите свои мигови овој поет успева да ги обедини овие две одлики и да создаде поезија што одговара на тешките прашања на времето со еден мошне лично обоен став.
Елијар е поет на љубовта, на екстази што се доживуваат пред женското тело, на една еротичност што е крената на пиедесталот на спиритуалноста, но без притоа да биде лишена од телесноста. Тоа е една нова трубадурска поезија, мошне отворена во искажувањето на својот вознес, но истовремено воздржана и претпазлива во именувањето на нештата. Зад опејувањето на среќата, која произлегува од средбата на две човечки суштества, во оваа поезија постојат, несомнено, и подлабоки пораки што се откриваат низ тоа доближување и спојување на две тела: за овој поет љубовта е излез од затворените простори на осаменоста, можност за средба со другиот и за препознавање на својата суштина во него.
„Елијар во модерно време ја постигнал онаа топлина и рамнотежа, она совршенство на кое му се одушевуваме кај најдобрите француски поети од минатото“.
Стенли Апелбаум
1 review for Поезија – Пол Елијар
Questions and Answers
You are not logged in
Павлина Атанасова (verified owner) –