Поезија – Пол Клодел
Author:
Пол Клодел
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
ŒUVRE POÉTIQUE |
Num. of pages:
232 |
Dimensions:
135x200
|
Cover:
мека
Пол Клодел е модерен архетип за религиозен католички поет чии медитации се исполнети со екстаза и зачуденост додека ја прославува својата вера, надеж и љубов.
Тој спаѓа во редот на оние поети кои своето промислување на светот и на неговите феномени ги изведуваат од едно единствено средиште – Бог. Тој е неговиот основен онтолошки и уметничко-филозофски епицентар, доведен до апсолут. Кај Клодел тој епицентар е посебно импресивен и моќен кога ќе се почувствува силата на религиозната сугестија, кога магнетизира не само обемот на неговата визија, туку и екстазата на неговото битие.
Пол Клодел не може да се смести во некој од доминантните модернистички калапи и правци од почетокот и од првата половина на XХ век. Тој не е дел од архипелаг, туку е посебен поетски остров и море.
Во поезијата на Клодел има нешто старинско, архаично, присутна е есенцијалната супстанција на тоа толку важно Пра до кое држи тој. Во тоа Пра можат да се најдат одблесоци не само од старозаветниот говор на пророците, туку и од ведите, поезијата на Пиндар и од античките трагедии, пред сè од Есхил. Но тоа архаично кај Пол Клодел звучи извонредно поетски моќно, свето и модерно, остварено како поезија и поетика со голема инвенција.
Reviews
There are no reviews yet.