Полноќен Boogie
Автор:
Едо Поповиќ
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Ponoćni boogie |
Бр. на страни:
140 |
Димензии:
129 x 198 mm
|
Корица:
мека
Полноќен Boogie, првпат објавена во 1987 г. стана култна книга на цела една генерација. Презирањето на официјалната култура и на нормативното живеење, го поттикнало Поповиќ да го избере меланхоличното стојалиште на вечен лузер на наизглед „грубото момче“, во нужното пливање низ неинституционализираното, па и алтернативното „подземје“: низ безброј произволни, едноноќни врски и груби гестови, низ пиво и обожување на своите филмско- литерарни јунаци… Многу литерарни факти во оваа проза имаат и автобиографско потекло, па според тоа, многу одлики коишто му се припишуваат на пр. на Буковски, би можеле да бидат одлика и на кратката проза на Поповиќ: недоверба во теорискиот дискурс, во идеологизираните ветувања, во безначајните зборови, и на друга страна: бескрајната желба сè да се земе во сопствените раце, да се искуси, да се проживее и на тој начин да се провери. Извонреден текст: возбудлив, со силен и бескрајно поетичен израз. Книжевен салон во Хановер
Оценки
Сѐ уште нема оценки.