Половина век театар во Македонија
Author:
Иван Ивановски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2004
Original title:
Половина век театар во Македонија |
Num. of pages:
495 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
/
Оваа книга претставува критичко издание за театарската уметност во Македонија во период од пет децении – од крајот на Втората светска војна, па до 1994 година. Во неа се опфатени, односно регистрирани и валоризирани сите позначајни активности во театарската уметност во Македонија и оваа книга претставува своевидна историја на театарот во Македонија. Содржи единаесет глави и три прилози. Во неа се обработени повеќе тематски целини – почетоците на професионалниот театар, дејноста на најголемите театри – МНТ, Драмскиот театар во Скопје и Народниот театар во Битола, потоа, некогашниот куклен а потоа и младинско-детски театар, малцинските театри, мрежата на професионалните театри и промените во таа мрежа, праизведбите на делата од македонски автори, малите и експериментални сцени и алтернативните состави, јубилеите и најзначајните датуми, како и признанијата и наградите во театарската дејност. Посебни прилози се објавени за театарските списанија, но и на театарското образование. Книгата содржи и обемен индекс на наслови на претстави играни во Македонија во период од половина век.
Questions and Answers
You are not logged in