Портретот на една дама
Оригинален наслов:
Портретот на една дама |
Бр. на страни:
580 |
Димензии:
Б5
|
Корица:
мека
/ „Портретот на една дама“ преведен на македонски Издавачката куќа НАМПРЕС деновиве го промовираше своето најново издание, романот Портретот на една дама од Хенри Џејмс. Ова е приказна за младата Американка Изабелa Арчер и нејзината тешка судбина. Растргната помеѓу бракот што ја задушува, мажот што го сака и ветувањето дадено на ќерката од првиот брак на нејзиниот сопругот, таа треба да донесе одлука во кој правец ќе се движи нејзиниот живот. Крајот на романот, сепак, го остава читателот без здив. Како и повеќето новели на Џејмс, Портретот на една дама според стилот на пишување уште еднаш го потврдува мајсторството на авторот, неговата фасцинација од разликите помеѓу новиот свет и стариот, ама и она што критичарите го нарекуваат „вербалната магија на пишувањето“. А таа магија, барем кај Хенри Џејмс ја има во изобилство. Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија, кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.