Последниот чај
Автор:
Винка Саздова
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Последниот чај |
Бр. на страни:
320 |
Димензии:
125х195
|
Корица:
мека
Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир... до самиот тебе.Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита.Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.Сетилата ѝ ги напаѓа шаренилото на божилакот и сивилото на бедотијата, опојните мириси на животот во својот полн ек и реата на животот што згаснува, песната на ветрот и криците на тишината. Хероината се соочува со сеништето на најболната разделба за да ја надмине болката на спомените. Ја прифаќа вистината за СЕБЕ, без остаток, за да живее слобода. Заминува дома за да се врати дома, зашто патот е круг.Мирјана Буразер
7 оценки за Последниот чај
Questions and Answers
You are not logged in
Иво Митрушев (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Najubava kniga sto ja imam procitanood nekoj nas avtor
Ристо Пејков (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Aneta Dimitrievski (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Prekrasen roman, vredi da se procita 🙂