Потестатизам
Author:
Калистрат Санџакоски
Publisher:
Паблишер |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
Потестатизам |
Num. of pages:
387 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
Потестатизам просто трансцендира по сите основи. Големината на овој труд исходи од сета негова преизобилност на форми, стилистички фигури, литерарни пасажи и метафори, философски увиди и мистички созерцанија. Ова не е вообичаен трактат за моќта, каков-годе сакате во стерилно-пуританска еднострана смисла: историски, социолошки, политиколошки, културолошки или пак дури и психоаналитички. Делото на Санџакоски може да биде сѐ од набројаното, но и ништо од тоа... Земајќи ја оваа книга в раце, читателот е внесен во дијалектичката напрегнатост условена од маркантно изострените ставови и контраставови. Стилот на пишување е ултрамодерен, па дури и постмодерен во актот на сопственото метафизичко насилство што го имплицира како форма на отпор. Ристо Солунчев
Reviews
There are no reviews yet.