Повикот на земјата
Автор:
Адриан Бертран
Издавач:
КСЦ/Полица |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
L'appel du sol |
Бр. на страни:
202 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
„Повикот на земјата“ го прикажува животот на баталјонот Алпски ловци на фронтот за време на Битката за границата, набрзо по избувнувањето на Првата светска војна. Врз основа на сопствените воени сеќавања и сеќавањата на неговиот брат, авторот со реализам и патриотизам ги опишува чувствата на оние зафатени од масакрот на војната, за време на која искусиле такви невидени ужаси што никој не можел да ги замисли само неколку неделипретходно. Но, „Повикот на земјата“ не е едноставен роман за војната; нејзиниот автор, млад пацифист и социјалистички новинар, не се колеба да ги критикува генералите и нивнитепогубни одлуки донесени без познавање на фронтот. Книгата, исто така, зборува за храброста на војниците што биле силно критикувани за време на аферата на 15-от корпус и за мотивите на војниците да станат дел од воениот поход, нивните размислувања и идеали, но и ги расчепкува причините зад волјата на Французите да се борат, како и деструктивната природа на слепиот патриотизам.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.