Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 132 | Димензии: 170x235 | Корица: мека

Овој практикум првенствено им е наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои го слушаат предметот Македонски јазик со култура на изразувањето 1 на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание, на македонски, на албански и на турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот Македонски јазик на групата Библиотекарство.

Секако, може да им послужи како корисно јазично помагало на наставниците и на учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на правописот и на правоговорот.

Практикумот произлегува од повеќегодишната наставна практика спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата да им се приближат на студентите основните знаења од теориски и од практичен аспект од областа на правописот и на правоговорот. Оттука, неговата основна цел е да придонесе кон полесно и поуспешно совладување на понудениот јазичен материјал и оспособување на студентите за негова практична примена, не само во нивната работа како идни учители и воспитувачи туку и во секојдневната јазична комуникација.

Во оформувањето на овој практикум несебична поддршка и помош ни дадоа и нашите рецензенти со нивните забелешки и сугестии, за што им изразуваме голема благодарност.

Цена: 350 ден

17 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1

Категории: ,
ИСБН: 978-608-247-635-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in