Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: / | Num. of pages: 132 | Dimensions: 170x235 | Cover: мека

Овој практикум првенствено им е наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои го слушаат предметот Македонски јазик со култура на изразувањето 1 на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание, на македонски, на албански и на турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот Македонски јазик на групата Библиотекарство. 


Секако, може да им послужи како корисно јазично помагало на наставниците и на учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на правописот и на правоговорот.


Практикумот произлегува од повеќегодишната наставна практика спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата да им се приближат на студентите основните знаења од теориски и од практичен аспект од областа на правописот и на правоговорот. Оттука, неговата основна цел е да придонесе кон полесно и поуспешно совладување на понудениот јазичен материјал и оспособување на студентите за негова практична примена, не само во нивната работа како идни учители и воспитувачи туку и во секојдневната јазична комуникација.


Во оформувањето на овој практикум несебична поддршка и помош ни дадоа и нашите рецензенти со нивните забелешки и сугестии, за што им изразуваме голема благодарност.

Price: 350 ден

17 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1

Categories: ,
SKU: 978-608-247-635-3

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Практикум по македонски јазик со култура на изразувањето 1”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in