Пред да падне завесата: некои сеќавања на Шерлок Холмс

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: His last bow: some reminiscences of Sherlock Holmes | Бр. на страни: 182 | Димензии: 21 | Корица: мека

Хроничарот на Шерлок, д-р Вотсон, уште еднаш ја отвора својата тетратка и ни открива низа нови случаи во кои се испреплетува секојдневното со чудното, бизарното и морбидното. Овие мистерии вклучуваат исчезнување на тајни планови од исклучителна политичка важност, но и на една богата, благородна дама; убиства што на прв поглед изгледаат како да се дело на ѓаволот; и интернационална шпионска војна, чијшто главен протагонист ни е познат на сите. Сите овие случаи, без разлика дали се светски или локални, го засегаат Шерлок Холмс.

Книгата „Пред да падне завесата: некои сеќавања на Шерлок Холмс“, објавена во 1917 година, е четвртата збирка раскази посветена на познатиот детектив и неговиот помошник д-р Вотсон. Оваа збирка содржи интересна мешавина од некои од најморбидните („Стапалото на ѓаволот“) и најполитичките („Плановите на Брус-Партингтон“, „Пред да падне завесата“) раскази на Артур Конан Дојл.

Цена: 360 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Пред да падне завесата: некои сеќавања на Шерлок Холмс

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-465-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пред да падне завесата: некои сеќавања на Шерлок Холмс”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in