Приказна за едно семејство

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Storia di una famiglia perbene | Бр. на страни: 271 | Димензии: 21 | Корица: /

Осумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила. Живее целосно втопена во безвременската атмосфера на стариот град, скриена во својот мал свет полн со омаловажувања – свет од кој е многу тешко да се излезе. Единствените охрабрувања што ги добива во периодот од детството до адолесценцијата доаѓаат од Микеле, син на едно од најнесреќните семејства во старото Бари. Пријателството помеѓу Марија и Микеле станува сè посилно и посилно, и покрај отвореното непријателството помеѓу двете семејства и ударите што ги нанесува животот. Сè додека тие чувства помеѓу нив двајца – силни, а истовремено нежни – не прераснат во љубов. Љубов која, и покрај тоа што е забранета, не им дозволува да го мразат светот околу нив. Писателката Роза Вентрела е новинар, историчар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата. Нејзините романи редовно го привлекуваат вниманието на книжевната критика и објавувани се на многу јазици ширум светот.

Цена: 390 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Приказна за едно семејство

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-775-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Приказна за едно семејство”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in