Приказната на робинката
Автор:
Маргарет Атвуд
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
The Handmaide's Tale |
Бр. на страни:
342 |
Димензии:
235x150
|
Корица:
/
„Тонам длабоко во своето тело како во бара, мочуриште, во кое само јас знам каде да стапнам. Предавничко тло, моја територија. Станувам земјата на која го ставам увото за да ги слушнам озборувањата од иднината.“ „Јас сум облак, згуснат околу еден средишен предмет во форма на крушка, којшто е цврст и повистинит од мене и руменее внатре во својата проѕирна обвивка. Внатре има простор, голем како небото; ноќе, темен и кривулест, повеќе црвено-црн одошто црн. Точките светлина набабруваат, болскотат, прскаат и свенуваат во него, безбројни како ѕвездите. Секој месец се појавува месечина, огромна, тркалезна, тешка, зол предзнак. Преминува, застанува, продолжува и заминува, а јас го гледам очајот како доаѓа кон мене како глад. За да се почувствувам толку празна, повторно, повторно. Си го слушам срцево, бран по бран, солен и црвен, продолжува и продолжува, го означува времето.“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.