ПРИКАЗНАТА ЗА ГЕНЏИ

Издавач: Слово | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: ПРИКАЗНАТА ЗА ГЕНЏИ | Бр. на страни: 272 | Димензии: 20 cm | Корица: /

Прв јапонски, ако не и светски роман, од XI век, преведуван на многу јазици и читан од милионска публика. Јапонскиот нобеловец Јасунари Кавабата го смета овој роман за “врв на јапонската книжевност“. Во својата оценка тој го додава следното: „Ние до денес немаме дело кое би можело да се мери со таа приказна“,  укажувајќи на внатрешната структура на тоа дело и на силината со која се оцртуваат ликовите. И Маргерит Јурсенар, големата француска писателка, дели слично мислење. „Никој не успеал да напише нешто подобро ни во една книжевност“, беше изјавила Јурсенар.
Макар што е создаден во древната Јапонија, романот Приказната за Генџи се смета за прв модерен психлошки роман во светот. Иако основната тема е љубовниот живот на принцот, писателката Мурасаки Шикибу сликовито го претставува животот и менталитетот на општеството во јапонската престолнина на тоа време, денешното Кјото, посветувајќи внимание на чувствата на ликовите и на психолошките нијанси во нивните односи. Ликот на Генџи не е историски, иако веројатно е моделиран според вистинска личност. Тој претставува естетски идеал на дворскиот човек: убав, образован и префинет, врвен познавач на литературата, на уметноста, на калиграфијата и на музиката, љубовник по кој лудуваат дворските дами.

Цена: 263 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Слово

Report an abuse for product ПРИКАЗНАТА ЗА ГЕНЏИ

Категорија:
ИСБН: 978-608-4656-13-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “ПРИКАЗНАТА ЗА ГЕНЏИ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in