Приказни големи колку дланка

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Најдобрата кинеска литература за деца - антологија | Бр. на страни: 205 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Приказни големи колку дланка- Џанг Ќиушенг Џанг Ќиушенг (1939) е главен уредник на Шангај јут дејли. Негови најпознати книги се: Тимот на клукајдрвците и Рози во камупсот (собрани песни за деца), Мајмунот кој учи вештини (собрани песни и приказни), Верверицата и нејзините другари, Главната вештерка на чаталестото дрво (приказни) итн. Добитник е на неколку високи награди за книжевност. Неговата уметничка концепција секогаш е насочена кон теми како што се љубовта и убавината, како и кон корисно и мудро, концепциско размислување. Во овој авторски избор се објавени околу осумдесет куси раскази, бајки и басни, поделени во неколку тематски целини. Во предговорот на оваа книга тој пишува: „Моето срце е исполнето со приказни... Откако пишував песни за деца повеќе од дваесет години, одеднаш добив идеја: ’Би можел ли да напишам посебни дела со карактеристики на песните, есеите и приказните што ги сакав?‘ Така, решив да се обидам и – резултатот се ’приказните големи колку дланка‘. За среќа, овој посебен вид дела, кои се куси, поетични, емотивни и конотативни, набргу ги добија симпатиите на најмалите читатели...“

Цена: 200 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Приказни големи колку дланка

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-090-2

Questions and Answers

You are not logged in