Приказни за мали и големи
Автор:
Лав Николаевич Толстој
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
96 |
Димензии:
125x200
|
Корица:
мека
За (нај)малите читатели Толстој напишал голем број раскази во форма на басни. Во овие забавни куси приказни главните ликови – животните – со едноставни зборови кажуваат големи вистини и поуки. Преку нив децата ќе сфатат колку многу работи можат да научат слушајќи ги другите, угледувајќи се на добрите и избегнувајќи ги грешките на лекомислените. Во расказите за повозрасните читатели Толстој остро ги критикува и ги разобличува државните институции, неправедните судови, лицемерието на црквата и на благородниците, застанувајќи на страната на обичниот човек. Со своето мајсторско перо покренува големи прашања и успева да ги издигне на такво уметничко ниво што неговите дела заслужено заземаат едно од првите места во светската книжевност. А покрај сето тоа, како што забележува Џемс Џојс, „тој никогаш не е здодевен ниту глупав, никогаш не е уморен, педантен или театрален“. Неговите раскази нудат вистинско уживање за сите вљубеници во убавиот пишан збор.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.