Принцезата на Бостанскиот цар
Автор:
Александар Поповски
Издавач:
Александар & Александар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2004
Оригинален наслов:
Принцезата на Бостанскиот цар |
Бр. на страни:
62 |
Димензии:
Б5
|
Корица:
/
Ова дело е едно од ретките кај нас: роман-сказна и единствено дело од овој вид меѓу големата книжевна актива на Александар Поповски.
Заплетот во ова роман - сказна во стихови почнува во близина на една стара воденица кога:
И тогаш
молежлив глас слушнав:
"Помош! Леле, злостори! Помош!
Ослободете ме!
Веднаш водете ме,
кај мама и тато,
кај дада и бато;
кај моето мило племе,
пуштете ме,
ѓавол да ве земе!...
Брзо, брзо носете ме дома!"
Со прекрасни стихови поетот ја раскажува сказната за спасувањето на ќерката на Бостанскиот цар.
Книгата е богато илустрирана со илустрации во боја од Миле Топуз кој е автор и на корицата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.