Професорот
Професорот е првиот роман на Шарлот Бронте, напишан под псевдонимот Карер Бел. Тој е напишан пред нејзиното најпознато дело Џејн Ер, но издавачите упорно одбивале да го печатат, затоа е објавен дури во 1857 година, по нејзината смрт.
Во книгата се зборува за животот на младиот професор Вилијам Кримсфорт, за неговото детство, семејната трагедија, неговата професија како професор во училиштето за девојки во Брисел и за неговите љубовни авантури.
Романот е инспириран од настаните и од личното искуство на Шарлот Бронте во Брисел, каде што студирала странски јазици во 1842 година во интернатот воден од Константин Хегер и од неговата сопруга Клер Зое.
Questions and Answers
You are not logged in